Дописници МКДОпштински вести

Светиниколското комунално претпријатие подновено со возило за собирање на смет

Возниот парк на комуналното претпријатие „Комуналец“- Свети Николе од денеска е збогатен со уште едно возило за собирање на комунален отпад.

Штип, 7 мај 2021 (МИА) – Возниот парк на комуналното претпријатие „Комуналец“- Свети Николе од денеска  е збогатен со уште едно возило за собирање на комунален отпад.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски на денешната прес-конференција рече се работи за возило марка „Волво“ со капацитет од 18 м3 во вредност од 2.170.000 денари, средства обезбедени од сопстениот буџет на претпријатието , благодарејќи, какошто вели Велковски, на домаќинското работење на ЈКП „Комуналец“.

-Со ваква инвестиција остануваме на интенцијата за подобрување на комуналните услуги што ги нуди претпријатието со цел задоволување на зголемените потреби на граѓаните. Инвестираме во секоја пора за зголемување на услугите што ги ниди ЈКП Комуналец. Само така можеме Свети Николе да го направиме пристојно место за живеење, вели Велковски.

Претходно општината доби и нови возила преку проектот за отварање на регионална депонија, кој целосно е финансиран од ЕУ. вдј/скс/

Back to top button
Close
Close