Дописници МКДОпштински вести

Светиниколските училишта подготвени за старт на учебната година

Директорите на основните и средни училишта денеска имаа состанок со градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски, а на кој е разговарано за стартот на новата учебна година.

Штип, 20 август 2020 (МИА) – Директорите на основните и средни училишта денеска имаа состанок со градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски, а на кој е разговарано за стартот на новата учебна година.

Велковски за МИА вели дека училиштата се подготвени за реализација на наставата со физичко присуство на учениците од прво до трето одделение, но од страна на директорите е предочено дека ќе се соочат и со низа на проблеми при изведување на онлајн наставата.

– Многу прашања на состанокот беа поставени, на пример како едно четиричлено семејство во кое еден од родителите е наставник, а две деца се ученици ќе ја реализираат или следат наставата. Едно вакво семејство треба да има дома три компјутери. Има и наставници од одделенска настава кои се пред пензија и се хронично болни, како ќе ја изведуваат наставата. Ова се дел од прашањата кои беа поставени од директорите, вели Велковски.

Тој истакна дека наредните денови ќе има наставнички совети и совети на родителите, кои ќе се изјаснат дали се за физичко присуство на учениците во училиштата или ќе ја следат наставата онлајн. Во меѓувреме се одвива реконструкцијата во основното училиште, Гоце Делчев“, каде што општината инвестира околу 2.300.000 денари.вдј/ир

Back to top button
Close
Close