Дописници МКДОпштество

Светиниколската градинка „Рахилка Гонева“ реконструирана со швајцарска помош

Детската радинката „Рахилка Гонева“ во Свети Николе доби нов покрив и ПВЦ врати и прозорци преку проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и спроведуван од УНДП во соработка со 24 општини. Објектот не беше реновиран од 1982 година и при најмали врнежи протекуваше покривот, а прозорците беа во уште полоша состојба.

Штип, 25 февруари 2020 (МИА) – Детската радинката „Рахилка Гонева“ во Свети Николе доби нов покрив и ПВЦ врати и прозорци преку проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и спроведуван од УНДП во соработка со 24 општини. Објектот не беше реновиран од 1982 година и при најмали врнежи протекуваше покривот, а прозорците беа во уште полоша состојба.

Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски потенцираше дека проектот го избраа граѓаните преку Форуми на заедницата во кои учествува преку 400 жители на општината каде што овој проект беше предложен и избран како најприоритетен од шест развојни проекти предложени од учесниците на форумот. Велковски забележа дека граѓаните на Свети Николе добија нов енергетски ефикасен објект, кој чинеше 3,57 милиони денари, од кои 2,7 милиони беа обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, со дополнителни 870 илјади кофинансирани од Општина Свети Николе.

-Денеска сме во посета на Детската Градинка „Рахилка Гонева” , која беше реконструирана како дел од проектот Зајакнување на општинските совети, каде беа поставени нов покрив и нови врати и прозори, со цел да се зголеми енергетската ефикасност на објектот, а во исто време адаптирани се условите за поставување (на веќе постоечка) опрема за сензорна соба. Со оваа реконструкција се обезбедија подобри услови за 450 деца, 30 вработени и 20 лица кои се дел од Центарот за лица со посебни потреби кој се наоѓа во просториите на градинката. Овој објект не беше реновиран од самото отворање во 1982 година и беше во очајна состојба, изјави Велковски.

Швајцарската агенција за развој и соработка со 3,36 милиони франци  го поддржува зајакнувањето на општинските совети во 24 општини низ земјата, како тела кои се клучни за развојот на партиципативната демократија и транспарентното и отчетно работење на општините.

-Во изминатите години помогнавме да се подобрат општинските услуги низ земјата во областа на образованието, животната средина, културата, водоснабдувањето, комуналните услуги и урбаното планирање. Повеќе од 60 општини во земјата ги воведоа Форумите на заедницата како ефективен инструмент за учество на граѓаните во носењето на одлуки за буџетско планирање и развојот на заедницата, рече Сибил Сутер, амбасадорката на Швајцарија.

Проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“ го спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП), во согласност со глобалните Цели за одржлив развој поставени од Обединетите нации и приоритетите на Програмата во земјата, меѓу кои е и зајакнувањето на локалниот развој и самоуправа.

-Нашата работа во Северна Македонија е во согласност со глобалните напори на УНДП да им помогне не земјите да градат силни, издржливи и транспарентни демократски институции на централно и локално ниво. Тоа ќе не донесе чекор поблиску до достигнување на Целите за одржлив развој кои беа поставени од сите земји членки на Обединетите нации за 2030 година, додаде Нарине Сахакјан, постојаната претставничка на УНДП.

Проектот се спроведува во 24 општини, во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС, Здружението на финансиски работници и Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women). Преку проектот досега беа спроведени низа активности за зајакнување на капацитетите на советниците и нивно вмрежување, како зголемување на транспарентноста и отчетноста, и граѓанското учество на во донесување одлуки на локално ниво.

Досега се одржани 60 форумски сесии во рамки на 15 форумски процеси низ целата земја, на кои учествуваа над 4.000 граѓани, жители од избраните општини, а во девет ново вклучени општини форумските процеси ќе започнат од март. вдј/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close