Дописници МКДОпштински вести

Свети Николе обезбеди дезинфекциски средства за граѓаните

Општина Свети Николе обезбеди дезинфекциски средства за домаќинствата. Како што информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски, утврдени се пунктови каде граѓаните од утре ќе можат и да ги подигнат.

Штип, 27 април 2020 (МИА) – Општина Свети Николе обезбеди дезинфекциски средства за домаќинствата. Како што информира градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски, утврдени се пунктови каде граѓаните од утре ќе можат и да ги подигнат.

Формирани се три екипи кои од утре со возила ќе поминуваат на претходно утврдени пунктови низ градот и ќе носат раствор за дезинфекција, а сите заинтересирани граѓани можат да наполнат максимум пет литри од растворот во сопствени садови, препорачливо е тоа да бидат пумпи за прскање, истакна Велковски.

Тој испрати апел граѓаните да бидат максимално внимателни со употребата на растворот и да го употребуваат исклучиво за дезинфекција на дворни површини, а да не го употребуваат врз зелени површини и насади.

Велковски посочи дека екипите за почеток ќе поминуваат на предвидените пунктови еднаш неделно, но доколу се јави потреба и има интерес од страна на граѓаните екипите ќе поминуваат на пункотвите два пати во неделата, за што граѓаните дополнително ќе бидат информирани.вдј/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close