0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Свети Николе избра идејно решение за затворен базен

Решението за базен со шифра Мирта 2516 е избрано како идејно решение за изградба на затворен базен, од Комисијата формирана од Општина Свети Николе.

Штип, 18 август 2020 (МИА) – Решението за базен со шифра Мирта 2516 е избрано како идејно решение за изградба на затворен базен, од Комисијата формирана од Општина Свети Николе.
Градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски рече дека идејното решение предвидува изградба на две базенски корита од кое големото  со димензии 25/16 метри и константна длабочина од два метри и  малото базенско корито е со димензии 16/6 метри и променлива длабочина од 0,80 – 1,20 м.
-Големината е соодветно димензионирана за задоволување на потребите за одвивање на настава по пливање, обука на непливачи, но и тренинг и натпревар на пливачи според прописите на светската пливачка федерација ФИНА. Согласно идејното решение, се предвидуваат и помошни простории за забава и рекреација со интересни содржини за посетителите, вели Велковски.
Претстојат активности за распишување  тендер за изработка на проект и изградба на градски пливачки базен во Свети Николе. вдј/вг/

Back to top button
Close
Close