0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталДописници МКДПолитика

Свеченост на Славеј Планина по повод 77-годишната од формирањето на Баталјонот „Мирче Ацев“

Со пригодна манифестација пред споменикот на Славеј Планина во Општина Дебрца денеска ќе биде одбележана 77-годишнината од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“, првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ по која 18 август е прогласен за Ден на Армијата.

Охрид, 18 август 2020 (МИА) – Со пригодна манифестација пред споменикот на Славеј Планина во Општина Дебрца денеска ќе биде одбележана 77-годишнината од формирањето на баталјонот „Мирче Ацев“, првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ по која 18 август е прогласен за Ден на Армијата.

Свеченоста е во организација на Сојузот на борци од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца, Општина Дебрца, а предвидено е пред присутните да се обрати претседателот на Сојузот, Гоце Георгиески. Заради здравствената состојба со пандемијата, одбележувањето ќе се одвива по протоколот што го препорачува Владата, односно го ограничено присуство посетители.

Баталјонот „Мирче Ацев“ е формиран на 18 август 1943 година и преставува прва легална воена формација за ослободување на Македонија од фашистите.

По одржувањето на преспанскиот состанок на кој била анализирана состојбата донесен бил заклучок дека се создадени услови за создавање регуларни воени формации, единици кои ќе бидат способни воено и политички да делуваат на целата територија на Македонија. Така со наредба на Штабот на 2-та оперативна зона на 18 август 1943 година, на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, составен од околу 200 борци од Преспанско-битолскиот партизански одред „Дамјан Груев“, од делови од Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“, од делови од Прилепскиот партизански одред „Ѓорче Петров“ и од новопристигнати борци од Дебарца. аб/сп/ 

Back to top button
Close
Close