0_Web_Актуелно0_Спорт.ПорталОстанатоСпортСпорт.Слајдер

Свечено отворени 32. Летни Олимписки Игри

Поразлични од сите досегашни поради пандемијата на коронавирус, денеска во јапонската престолнина Токио свечено беа отворени 32. по ред летни Олимписки игри, на кои под официјалното мото „Побрзо, повисоко, посилно – Заедно“ ќе настапат и осум македонски олимпијци

 

Токио, 23 јули 2021 (МИА) – Поразлични од сите досегашни поради пандемијата на коронавирус, денеска во јапонската престолнина Токио свечено беа отворени 32. по ред летни Олимписки игри, на кои под официјалното мото „Побрзо, повисоко, посилно – Заедно“ ќе настапат и осум македонски олимпијци

Свеченоста почна со огномет на Олимпискиот стадион и продолжи со оддавање почит на жртвите од пандемијата на Ковид-19, поради што Игрите беа одложени за една годинакако и за жртвите на терористичкиот напад за време на Олимпијадата во Минхен во 1972 година.

Игрите за отворени ги прогласи јапонскиот цар Нурихито, повторувајќи ја со тоа улогата на својот дедо Хирохито од церемонијата на отворањето на Олимпијадата во 1964 година, која, исто така, се одржа во Токио.

Олимпиското знаме на јапонските домаќини им го предаде претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах, кој во обраќањето изрази „неизмерна благодарност и почит до јапонските организатори и јапонскиот народ“.

– Денеска е момент на надеж. Сè е многу поразлично од тоа што воопшто можевме и да го замислиме, но олимписките тимови од 205 држави, како и олимпискиот тим составен од бегалци се тука заедно под ист покрив, испраќајќи порака на солидарност, мир и издржливост. Тоа ни дава надеж за продолжување на оваа авантура заедно, истакна Бах во говорот на церемонијата на отворањето на Игрите.

Свеченото отворање на Игрите од трибините на стадионот во Токио го проследија само околу 1.000 официјални лица, кои единствени ја имаа привилегијата да ги поздрават над 11.300 спортисти од 206 олимписки делегации, вклучувајќи ја и осумчлената македонска експедиција, која продефилира на Олимпискиот стадион предводена од знаменосецот Дејан Георгиевски.

Македонката олимписка делегација ќе настапат во седум различни дисциплини (Арбреша Реџепи, џудо, Миа Блажевска Еминова, Филип Деркоски, пливање, Борјан Бранковски, стрелаштво, Пулксенија Јовановска, карате, Јован Стојоски, атлетика, Могамедгаџи Нуров, борење).

Олимписките игри во Токио ќе бидат затворени на 8 август. ег/

Back to top button
Close
Close