Дописници МКДОпштински вести

Сувенирницата во Берово прераснува во туристичко-информативен центар

Сувенирницата во Берово прераснува во туристичко-информативен центар. Ова е главната констатација на средбата на општинските служби со локалните производители на здрава храна и изработувачи на ракотворби и сувенири од Берово на која главна тема беше унапредувањето на локалните услуги, како и зацврстување на соработката на општината со локалните производители и изработувачи на сувенири и ракотворби во пресрет на туристичката сезона.

Берово, 10 јуни 2021 (МИА) – Сувенирницата во Берово прераснува во туристичко-информативен центар. Ова е главната констатација на средбата на општинските служби со локалните производители на здрава храна и изработувачи на ракотворби и сувенири од Берово на која главна тема беше унапредувањето на локалните услуги, како и зацврстување на соработката на општината со локалните производители и изработувачи на сувенири и ракотворби во пресрет на туристичката сезона.

На средбата, како што информираа од Општината, беа истакнати добрите страни и пропустите во досегашната соработка и поставени одредени приоритети за дејствување во наредниот период.

-Констатацијата е дека на тие приоритети  сите заеднички треба да работиме, а општината треба да биде линк помеѓу сите чинители за успешна деловна соработка, од која сите ќе имаат одреден бенефит, истакнаа од Општината.
На состанокот изработувачите на ракотворби и сувенири и производителите на здрава храна изразија подготвеност за соработка и поддршка на иницијативата.
-Главните активности ќе бидат насочени кон промоција на општината и градот и успешна туристичка сезона, и во исто време негување на традицијата и културните вредности. Целта е заживување на руралните средини, зајакнување на жените како фармери претприемачи, зголемување на приходите и домашниот буџет и претставување на сите благодети на малешевскиот регион, додадоа од Општината Берово.

На состанокот на кој присуствуваа и претставници од НУ ,,Завод и музеј “Штип со директорот др. Археолог, Митко Штерјов, договорена е динамиката за реализација на активностите, преку почести средби, формирање на листи на локални производи, интернет промоција, при што се очекува во иднина соработката да резултира со обезбедување на нов продажен простор за локални производи, подобрување на понудата, воспоставување на добар маркетинг и успешен пласман на локалните производи. вс/рп/

Back to top button
Close
Close