БизнисБизнис.ПорталЕкономијаПолитика

Сугарески: Задоволен сум од реализацијата на капиталните инвестиции, градиме како што не се градело во последните 30 години

Во целата држава во последните 30 години се нема изградено, како што се гради во делот на инфраструктурата во овие три години. И покрај здравствената криза задволен сум од начинот на кој се реализираат капиталните инвестиции и согласно податоците кои ги добивам очекувам вториот квартал да биде завршен со колу 25 проценти, а до крајот на градежната сезона во целост да биде реализиран голем дел од овие проекти, порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на Арачиново заедно со премиерот Оливер Спасовски.

Скопје, 25 јуни 2020 (МИА) –  Во целата држава во последните 30 години се нема изградено, како што се гради во делот на инфраструктурата во овие три години. И покрај здравствената криза задволен сум од начинот на кој се реализираат капиталните инвестиции и согласно податоците кои ги добивам очекувам вториот квартал да биде завршен со колу 25 проценти, а до крајот на градежната сезона во целост да биде реализиран голем дел од овие проекти, порача министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешната посета на Арачиново заедно со премиерот Оливер Спасовски.

-Тоа во секое време преку бројки можам да го докажам. Не со паушални прозивки, туку со практични дела. Имаме направено преку 500 километри водоводи и канализации за две и пол години, огромна реконструкција на патишта. Не постои плански регион од осумте каде не се гради и не се реконструира. Зборувам за суштински капитални проекти, а не капитални проекти од типот на споменици, изјави Сугарески по увидот во изградбата на канализациската мрежа во Арачиново.

Тој нагласи дека од страна на изведувачите бил информиран дека динамиката на изградбата на канализацијата во Арачиново тече одлично и дека повеќе од 55 проценти се веќе реализирани.

-Иако рокот за изградба е предвиден до март наредната година, се очекува до октомври или до ноември годинава во целост да биде завршен проектот. За Арачиново преку Министерството за транспорт и врски и Светска банка, заедно со Владата доделени се средства во износ од околу 600 илјади евра кои ќе треба да бидат искористени за изградба на локални патишта и улици. Укажавме дека проектите за локални патишта и улици треба што побрзо да бидат доставени до Министерството за да ги одобри банката и да може да дојде до целосна нивна имплементација, рече Сугарески. вј/са/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close