Дописници МКДОпштински вести

Сугарески во посета на Велес: Капиталните проекти се исклучително важни за локалната економија

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и неговиот домаќин  Аце Коцевски денеска на средба во Велес направија увид на терен во изведба на градежните работи на замена на старите со нови водоводни и канализациони цевки. Проектите, во вредност  од 625 илјади евра, се изработени од општината, а финансирани од Министерството за транспорт и врски.

Велес,13 јануари 2020 (МИА) – Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и неговиот домаќин  Аце Коцевски денеска на средба во Велес направија увид на терен во изведба на градежните работи на замена на старите со нови водоводни и канализациони цевки. Проектите, во вредност  од 625 илјади евра, се изработени од општината, а финансирани од Министерството за транспорт и врски.

-Овие проекти на општините  кои  се реализираат преку Министерството за транспорт и врски се исклучително важни  за општините  и граѓаните и затоа тоа за нас е врвен приоритет.Тоа беше и нашиот акцент со проектите кои ги имаат општините и во делот на водоводни и канализациони линии и на локални патишта. Затоа во изминатите две години ние  во  многу  ја подобривме и ја подобруваме  комуналната инфраструктура и локалните патишта во државата  и на тој план и оваа година очекуваме  да биде успешна, потенцира Сугарески.

Тој информира дека капиталните проекти кои ги реализирале минатата година биле на исклучително високо ниво, повеќе од 85 проценти.

-Јас сум исклучително задоволен и мислам  дека тоа е една од најуспешните години на Министертсвото за транспорт и врски во рамки на продуктивни проекти. Во моментот работиме на повеќе од 30 проекти преку Европската инвестициска банка со буџетски средства од министерството, проекти вредни над 10 милиони евра и кои во најголем дел очекуваме да бидат имплементирани годинава, информира Сугарески.

Тој потсети и дека Министерството за транспорт и врски пред неколку дена склучило договор со Светската Банка за локални патишта кои ќе се реализираат. Министерот информира дека на крајот на минатата година Бордот на банката го одобрил тој кредит, а Собранието го изгласал и најави  дека најдоцна до крајот на јануари или почетокот на февруари ќе биде распишан првиот тендер за околу 25 километри локални патишта и улици во државата.

Министерот Сугарески рече дека на Велес му следуваат околу 1,2 милиони евра средства, а ќе бидат имплементирани во текот на следната година. Тој појасни  дека сето тоа ќе зависи од тоа како општината ќе ги доставува проектите за кои треба да се направи увид во нивниот квалитет и безбедноста на сообраќајот, елаборатите за животната средина и останато, што Банката го бара за одобрување.

Градоначалникот Аце Коцевски исто така потенцира дека ова се исклучително важни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните.

Тој  појасни дека  ќе се реконструираат старите дотраени азбест цементни линии кои им создаваа големи проблеми на граѓаните поради честите дефекти и прекини на водоснабдувањето и намање на доволен притисок на цевководите. Со новите ќе се подобри квалитетот на водоснабдувањето, а потоа  ќе може да се стави и завршен асфалт на овие улици каде што се прави реконструкцијата, информира Коцевски.

-Ова ќе биде најуспешната година на инвестициски план на општина Велес  и очекуваме големи капитални инвестиции со што значително ќе го подобриме квалитетот  на живење на граѓаните, потенцира Коцевски.

Воедно информира дека ЈКП „Дервен“ од соптвени  средства продолжува со тековната замена на старите водоводни и канализациони линии во градот. ад/ир

Таг
Back to top button
Close
Close