0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталДописници МКДОпштински вести

Сугарески: Општините во земјава добиваат 70 милиони евра за локални патишта и улици

Општините во земјава имаат на располагање 70 милиони евра за рехабилитација на локалните патишта и улици. Ова го нагласи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид на рехабилитацијата на патот Градско-Прилеп, на делницата Фариш-Дреново.

Прилеп, 6 март 2020 (МИА) – Општините во земјава имаат на располагање 70 милиони евра за рехабилитација на локалните патишта и улици. Ова го нагласи министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при денешниот увид на рехабилитацијата на патот Градско-Прилеп, на делницата Фариш-Дреново.

– Лани имавме одлична реализација на капиталните инвестиции, годинава уште посилно ќе се работи. Посебно сакам да ја нагласам имплементацијата на проектот за локални патишта која е преку Министерството за транспорт и врски. Програмата е 70 милиони евра за 80 општини и градот Скопје. Од нив Општина Прилеп ќе добие еден милион и 250.000 евра за санација на локални патишта и улици, изјави Сугарески.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски локалната самоуправа е во градежна офанзива за рехабилитација на локалните патишта и улиците.

-Завршени се сите тендери за рехабилитација и реконструкција на улиците во Прилеп, а станува збор за околу 12 километри улици. Интензивно ќе се работи овој и наредниот месец. Ќе се редат 10.000 метри квадратни бекатон-плочки, ќе се тампонира, ќе се нивелираат шахти. Сите работи ќе треба да бидат готови за околу три месеци, рече Јованоски. ем/дма/

Back to top button
Close
Close