СветСвет.Портал

Судот го отфрли барањето на Трамп за повторно судење на Стоун

Федерален судија на САД го отфрли барањето на американскиот претседател Доналд Трамп повторно да му се суди на неговиот близок пријател Роџер Стоун.

Вашингтон, 13 февруари 2020 (МИА) – Федерален судија на САД го отфрли барањето на американскиот претседател Доналд Трамп повторно да му се суди на неговиот близок пријател Роџер Стоун.

Судиката Ејми Берман Џексон наведе дека адвокатите на одбраната не доставиле основи за ново судење или која било друга причина за да се верува дека дошло со сериозно нарушување на правдата.

Трамп вчера во Белата куќа не одговори на прашањето на новинарите дали размислува за помилување на Стоун, кој минатата година беше прогласен за виновен за лажење во Конгресот, опструкции и злоупотреба на сведоци.

Казната на Стоун ќе му биде изречена следната недела. Обвинителот бара казна од седум до девет години затвор.

Стоун ги негираше сите обвиненија, наведувајќи дека постапката против него е политички мотивирана. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close