Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Судири во близина на Даунинг стрит 10 во Лондон, полицаец соборен од коњ

Полицијата и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон за време на протестот по повод убиството на Афроамериканецот Џорд Флојд во Минеаполис, јавија британските медиуми.

Лондон, 6 јуни 2020 (МИА)  – Полицијата и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон за време на протестот по повод убиството на Афроамериканецот Џорд Флојд во Минеаполис, јавија британските медиуми.

На социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како еден од полицајците од коњичката единица е очигледно исфрлен од неговиот коњ, пренесува Скај њуз.

Според медиумот, полицаецот останал да лежи на земјата додека коњот продолжил да трча кон демонстрантите.

Британскиот весник „Стандард“ наведува дека демонстрантите во еден момент фрлиле навивачки факел кон полицијата.

Илјадници демонстранти се собраа пред „Даунинг стрит 10“ по митингот на плоштадот пред британскиот Парламент и по маршот низ центарот на Лондон.

Демонстрации попладнево се одржаа и во Манчестер, Кардиф, Шефилд и Њукасл. сд/

Back to top button
Close
Close