Дописници МКДОпштински вести

Судир на четири возила, без повредени

Сообраќајна незгода во која учествувале четири возила на булеварот Благоја Тоска и подигнувањето на оштетени автомобили предизвика сообраќаен метеж пладнето во Тетово. При инцидентот нема повредени луѓе.

Тетово, 9 јуни 2020 (МИА) – Сообраќајна незгода во која учествувале четири возила на булеварот Благоја Тоска и подигнувањето на оштетени автомобили предизвика сообраќаен метеж пладнето во Тетово. При инцидентот нема повредени луѓе.

– Во 12.25 часот е пријавена сообраќајката во СВР Тетово. Учествувале патнички возила од марките „ауди“, „рено“ и „тојота“ со тетовски регистарски ознаки како и „голф“ со скопски таблици. Аудито удрило во тојотата по што тој автомобил удрил во другите две. Повредени нема, соопшти СВР Тетово.

Службеници од стручните служби на СВР Тетово извршиле увид за утврдување на деталите од сообраќајката. ас/ир

Таг
Back to top button
Close
Close