0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитикаХроникаХроника.Портал

Борко Ристовски, Тони Михајловски и Александар Пандов сведочеа за „27 април“

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 5 февруари, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната.

Скопје, 1 февруари 2021 (МИА) – Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 5 февруари, откако на денешното рочиште беа сослушани повеќе сведоци предложени од одбраната.

Повеќе членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и членови и претседатели на општински и месни комитети на партијата во 2017 година, на денешното рочиште рекоа дека не биле контактирани од Спиро Ристовски и Миле Јанакиески со цел нивни ангажман за активирање на членството за поддршка или учество на протестите на „За заедничка Македонија”.

Според исказот на сведоците, партијата ВМРО-ДПМНЕ немала официјален став за протестите, но според сведочењата на претседателите на месните комитети секој сам си одлучувал по сопствено убедување дали ќе оди и даде поддршка на тие протести.

Актерот Тони Михајловски и политичкиот аналитичар Александар Пандов, сведочеа дека учествувале и дале поддршка на протестите но самоиницијативно, како обични граѓани, додека ракометарот Борко Ристовски рече дека самоиницијативно дал поддршка преку социјалните медиуми, бидејќи во тоа време не бил во државата.

Повеќе од сведоците, исто така, рекоа дека не биле членови на вибер групи во кои имало комуникација за протестите, како и дека Спиро Ристовски немал никакви партиски функции.

На следното рочиште се повикани повеќе сведоци, предложени од одбраната на Спиро Ристовски, меѓу кои и Емил Димитриев, Митко Чавков и Кирил Божиновски.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. аа/дма/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close