Svet.SlajderСветСвет.Портал

Суданскиот премиер Абдула Хамдок бил цел на атентат во Картум

Суданскиот премиер Абдула Хамдок денеска преживеал обид за убиство во престолнината Картум, каде имало експлозија, а нејзина цел, како што пренесуваат државните медиуми, бил конвојот со возила на премиерот.

Картум, 9 март 2020 (МИА) – Суданскиот премиер Абдула Хамдок денеска преживеал обид за убиство во престолнината Картум, каде имало експлозија, а нејзина цел, како што пренесуваат државните медиуми, бил конвојот со возила на премиерот.

Американските медиуми пренесуваат дека семејството на премиерот соопштило дека тој е безбеден, а засега никој не ја презел одговорноста за нападот.

Хамдок беше именуван за судански премиер во август минатата година, по продемократските протести што ја присилија војската да го собори од власта претседателот Омар ал-Башир и на чело на земјата да донесе цивилна влада. сд/

Back to top button
Close
Close