ЕвропаЕвропа.Портал

Суд во Киев со постапка за забрана за излез од земјата на претседателот, премиерот и уште други 178 лица

Судот во Киев почна постапка за забрана за излез од земјата за украинскиот претседател Петро Порошенко, соопштено е на веб страницата на Окружниот административен суд во Киев.

Киев, 17 мај 2019 (МИА) – Судот во Киев почна постапка за забрана за излез од земјата за украинскиот претседател Петро Порошенко, соопштено е на веб страницата на Окружниот административен суд во Киев.

Судот почна постапка за забрана на напуштање на Украина за 180 лица. Освен Порошенко, на списокот е и премиерот Владимир Гројсман, како и за над 40 членови на кабинетот на министри, портпаролот на Врховната рада Сндреј Парубиј, претседателот на Управниот одбор на „Нафтогаз“ и судии од Врховниот суд.

Според соопштението, обвинителот, чие име не е соопштено, побарал од Судот на наведените лица да им се забрани напуштање на Украина. Во тужбата се бара и работата на украинската Служба за безбедност, Националната полиција и Граничната полиција да се прогласат за незаконски, бидејќи, според обвинителот, не се спротиставиле на корупцијата на наведените лица.

Во април судот почна постапка врз основа на тужба поднесена од новинарот Александар Дубински, во која се бара на функционери и политичари да се забрани излез од земјата во рок од година дена по парламентарните и претседателските избори. ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close