0_Спорт.ПорталФудбал

Суарез се искачи на третото место по бројот на голови во историјата на Барселона

Луис Суарез постигна еден го во синоќешната победа (4:1) на Барселона на гостувањето кај Виљареал во 34. коло од шампионатот на Шпанија.

Барселона, 6 јули 2020 (МИА) – Луис Суарез постигна еден го во синоќешната победа (4:1) на Барселона на гостувањето кај Виљареал во 34. коло од шампионатот на Шпанија.

За Уругваецот оваа беше 194. погодок во дресот на каталонскиот клуб со што се изедначи со Ласло Кубала на вечната листа на стрелци.

На втората позиција е Сезар Родригез со 232 гола додека лидер е сегашниот капитенот на тимот, Лионел Меси со 441 гол.

Оваа сезона, 33-годишниот Суарез има 17 голови и 12 асистенции на 30 натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close