0_Спорт.ПорталSport.SlajderТенис

Суарез Наваро ја започна својата најважна битка

Триесет и две-годишната Шпанка има 2 ВТА титули во сингл и 3 во двојки. Поединечно, таа стигнала до четвртфиналето на сите Гренд слем турнири, освен Вимблдон.

Мадрид, 22 септември 2020 (МИА) – Поранешната бр.6 во светот Карла Суарез Наваро на Инстаграм објави своја фотографија од болницата каде го започна третманот за Хочкинов лимфом. На 1 септември Шпанката објави дека и е дијагностицирана подмолната болест, а сега веќе започна шестмесечниот курс на хемотерапија на кој треба да се подложи.

Триесет и две-годишната Шпанка има 2 ВТА титули во сингл и 3 во двојки. Поединечно, таа стигнала до четвртфиналето на сите Гренд слем турнири, освен Вимблдон.

Хочкинов лимфом, познат како малигна лимфогранулуломатоза и Хочкинова болест, е канцерогено заболување на лимфниот систем што е дел од имунолошкиот систем. Може да влијае на луѓе од која било возраст, но најчесто е кај луѓе на возраст од 20 до 40 години и над 55 години.

Таг
Back to top button
Close
Close