0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Суарез го претпочита Атлетико пред Јуве

Напаѓачот, кој во јануари ќе наполни 34 години, преговара со Атлетико Мадрид, тврди „Депортес Куатро“.

Мадрид, 10 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез, бара друга опција за неговата кариера.

Напаѓачот, кој во јануари ќе наполни 34 години, преговара со Атлетико Мадрид, тврди „Депортес Куатро“.

Според медиумите, Уругваецот претпочита да го носи дресот на Атлетико, а не оној на Јувентус.

Последните денови се сметаше сигурно дека Суарез ќе ги засили „бјанконерите“, но во игра се приклучија и „јорганџиите“.

Јувентус им понудил на Каталонците 3 милиони евра плус уште 13 милиони бонуси. Одделно, Суарез доби понуда за тригодишен договор за 10 милиони евра по сезона.
од „Ванда Метрополитано“ не сакаат да му понудат толку голема плата, но Уругваецот не ја крие желбата да остане во Шпанија.

Атлетико бара нов напаѓач, а најпрво сака да се ослободи од еден од напаѓачите, веројатно Диего Кошта.

Таг
Back to top button
Close
Close