Дописници МКДОпштински вести

Студиска посета на Стоби со цел мапирање на културните институции со користење на дигитална технологија (ДПЛ)

Од 31 мај до 3 јуни претставници на седум партнери од шест држави, Србија, Словенија, Грција, Бугарија и Р.С. Македонија, учествуваат на студиска посета на Археолошкиот локалитет Стоби со цел мапирање на капацитетите на културните институции за користење дигитални технологииво промоција и дисеминација на богатото културно наследство.

Велес, 2 јуни 2021 (МИА) – Од 31 мај до 3 јуни претставници на седум партнери од шест држави, Србија, Словенија, Грција, Бугарија и Р.С. Македонија, учествуваат на студиска посета на Археолошкиот локалитет Стоби со цел мапирање на капацитетите на културните институции за користење дигитални технологииво промоција и дисеминација на богатото културно наследство.

Тоа е дел од двегодишниот проект „Соработка за имерзивно раскажување за дисеминација на културното анседство во Западен Балкан“ кој Центарот за социјални иновации „БЛИНК 42-21“ од Скопје како партнер лидер на проектот со НУ Стоби, организират низа работилници во Стоби. Инаку проектот е поддржан од Европската Комисија од програмата На креативна Европа.

Како што информира за МИА Зорица Велковска од БЛИНК 42-21, сите партнери кои до утре се во студиска посета на археолошкиот локалитет Стоби учествуваат на низа работилници за мапирање на капацитетите на културните институции за користење дигитални технологии во промоции и дисеминација на богатото културно наследство.

Таа информира дека партнерите на проектот во Стоби денеска имаат можност да ја гледаат и првата апликација за виртуелна реалност „Гладијаторите се враќаат во Стоби“ којашто лани се воведе во туристичката понуда како тура во Стоби.

Таа претставува осум минутно виртуелно доживување каде посетителите во Стоби можат да погледнат еден гладијаторски перформанс во амфитеатарот во виртуелна реалност.

Велковска појасни дека токму таа апликација беше основа за креирање на оваа двегодишна соработка за партнерите и за новиот проект.

Додава овој нов проект ќе се овозможи нов модел за користење на дигитални технологии во унапредување на искуството на три археолошки локалитети Стоби во Р.С. Македонија, Виминациум во Србија и Емона во Словенија.

Појаснува дека на крајот на проектот сите овие археолошки локалитети ќе добијат нови дигитални алатки коишто користат виртуелна, аргументирана и реална слика.

– Со тоа тие ќе станат поатрактивни за новата млада публика која се интересира за технологија бидејќи ќе нудат еден нов начин, едно ново културни доживување коешто ќе ги носи во минатото и ќе можат визуелно да ги видат сите кажани приказни за овие три локалитети, појасни Велковска. ад/ир

Back to top button
Close
Close