0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Студенти им делеа заштитна опрема на минувачи во Тетово

Студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа денеска спроведоа акција на отворено во центарот на Тетово за да помогнат да се спречи ширење на коронавирусот. Тие поделија 300 заштитни маски, ракавици, како и хигиенски средства за дезинфекција на раце на минувачите.

Тетово, 7 април 2020 (МИА) – Студентите од Универзитетот на Југоисточна Европа денеска спроведоа акција на отворено во центарот на Тетово за да помогнат да се спречи ширење на коронавирусот.

Тие поделија 300 заштитни маски, ракавици, како и хигиенски средства за дезинфекција на раце на минувачите во градот.

– Нашата порака до граѓаните е да ги почитуваат новите мерки на Владата. Студентите да останат дома и да следат настава преку Интернет, како што започнавме уште од вториот ден на оваа пандемија, така што сега веќе успееваме да ги полагаме испитите онлајн, истакна Агрон Демири, претседател на Студентскиот парламент при УЈИЕ.

Ваква акција е спроведена и од студентите во Скопје. ас/хс/

Back to top button
Close
Close