0_Македонија.ПорталОпштество

Студено со дожд, снег и ветер

Облачно, студено и ветровито време од денеска во наредните неколку дена ќе преовладува во земјава. Во планинските региони и во западните делови од државата се очекува нова снежна покривка со висина до 20 сантиметри.

Скопје, 5 февруари 2020 (МИА) – Облачно, студено и ветровито време од денеска во наредните неколку дена ќе преовладува во земјава. Во планинските региони и во западните делови од државата се очекува нова снежна покривка со висина до 20 сантиметри.

Според најавите од УХРМ, долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд и снег и наместа ќе се формира помала снежна покривка. Поради силниот ветер кој се очекува да биде со брзина над 70 км/час можна е и појава на снежни наноси. Утринските температури ќе се спуштат и до -11 степени.

Температурата утре ќе се спушти до минус три, во четврток до минус седум, петок до минус 11, сабота до минус девет и понеделник до минус осум.

Дневната температура утре ќе се искачи до осум степени, во четврток до шест, петок до осум, сабота 10, недела 11 и понеделник до 13 степени. бак/скс/

Back to top button
Close
Close