БалканБалкан.ПорталДописници СветСвет.Слајдер

Студен бран и снег во Грција

Основните и средните училишта во грчкиот град Лерин денеска се затворени поради снегот и лошите временски услови, додека пак на островот Крит поради силен ветер имаше проблеми во авио-сообраќајот.

Атина, 5 февруари 2020 (МИА) – Основните и средните училишта во грчкиот град Лерин денеска се затворени поради снегот и лошите временски услови, додека пак на островот Крит поради силен ветер имаше проблеми во авио-сообраќајот.

Студениот бран што ја зафати Грција, создаде помали проблеми во морскиот и авио-сообраќајот, донесе снег на планините и во дел од градовите во северниот дел на земја, јави дописничката на МИА од Атина.

Во Лерин, со одлука на градоначалникот, поради снегот и лошото време основните и средните училишта денеска се затворени, а работата само градинките.

Поради силниот ветер, авион од Атина, наместо во градот Ираклио на Крит, утрово слета во друг град на островот. ср/сд/

Back to top button
Close
Close