Дописници МКДОпштински вести

Стружани побараа отворање основно музичко училиште во градот

Струшката локална самоуправа поднесе барање до ресорното Министерство за образование да отпочне процедура за основање основно музичко училиште во градот.

Струга, 31 јануари 2020 (МИА) – Струшката локална самоуправа поднесе барање до ресорното Министерство за образование да отпочне процедура за основање основно музичко училиште во градот.

Иницијативата за отворање музичко училиште во Струга ја покренале локални уметници, наставници, професори, музичари, а била поддржана од страна на Советот на општината како и од градоначалникот.

Стружани очекуваат новото музичко училиште да почне со работа веќе од наредната учебна година. На тој начин талентираните деца од Струга ќе имаат можност од најмала возаст да го започнат своето музичко образование и целосно да се посветат на музиката преку усовршување и надградба на талентот. аб/вј/

Back to top button
Close
Close