Дописници МКДОпштински вести

Струмичкиот Црвен крст обучи 15 лица за помош, нега на стари и лица со попреченост

Со одржување на завршниот испит од првиот циклус Општинската организација на Црвен крст Струмица ја заврши обуката на 15 лица за пружање на услугата помош и нега во домот на стари и лица со попреченост.

Струмица, 22 февруари 2021 (МИА) – Со одржување на завршниот испит од првиот циклус Општинската организација на Црвен крст Струмица ја заврши обуката на 15 лица за пружање на услугата помош и нега во домот на стари и лица со попреченост.

-Лицата кои ја завршија обуката и го положија завршниот испит добија сертификати, со кои во иднина ќе можат да се вработат и да ја пружат оваа услуга. Интересот за оваа обука и голем и ние ќе продолжиме и понатаму да ја изведуваме, рече Марија Тошева, секретар на струмичкиот Црвен крст.

Додаде дека во тек е пријавувањето за вториот циклус обуки со кои ќе бидат опфатени кандидати од општините Радовиш, Валандово и Гевгелија.

Обуката пружање помош на и нега во домот на стари и лица со попреченост е финансирана од Австриската агенција за развој, Австрискиот и Швајцарскиот црвен крст. рт/сст/

Таг
Back to top button
Close
Close