0_Македонија.ПорталДописници МКДМКДОпштество

Струмичанката која беше пронајдена мртва во својот дом, била убиена

Смртта кај шеесет и седум годишната струмичанка, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на улицата „Балканска“ во центарот на Струмица, е предизвикана по насилен пат, информираат за МИА од Основното јавно обвинителство.

Струмица, 19 февруари 2021 (МИА) – Смртта кај шеесет и седум годишната струмичанка, чие безживотно тело беше пронајдено во нејзиниот дом на улицата „Балканска“ во центарот на Струмица е предизвикана по насилен пат, информираат за МИА од Основното јавно обвинителство.

Од полицијата информирaа дека кај нив бил пријавен случајот по што увидни екипи излегле на терен, а во куќата бил пронајден женски труп.

Увидот од страна на полицијата и обвинителството заврши пред малку, но, повеќе детали не се соопштуваат. Само кусо информираа дека во текот на утрешниот ден ќе се знаае повеќе за настанот, како и за можните сторители. рт/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close