Дописници МКДОпштински вести

Струмичани во првите шест месеци најмногу се жалеле на уличното осветлување

Во периодот од јануари до јуни годинава граѓаните на Струмица најмногу се жалеле на уличното осветлување, соопштија од сервисот „Систем 48“ во Струмица.

Струмица, 8 јули 2020 (МИА) – Во периодот од јануари до јуни годинава граѓаните на Струмица најмногу се жалеле на уличното осветлување, соопштија од сервисот „Систем 48“ во Струмица.

Граѓаните поднеле вкупно 526 пријави, а од нив се решени и е одговорено на 400. Останатите 126 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за нив е потребно повеќе време од вообичаените 48 часа.

-Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во првите шест месеци од 2020 година, се од областа на улично осветлување-389, од областа на собирање смет-55, водовод и канализација-35, паркови и зеленило-26, општински инспекциски служби-4, улици, патишта и тротоари-17, информираат од Сервисот.

Оттаму апелираат до граѓаните за навремено пријавување на пријавите на бесплатниот телефонски број 080014848 за да можат да интервенираат и да ги решаваат пријавите доставени до „Систем 48“. рт/вј/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close