0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштество

Струмичанец превезувал мигранти и удрил во ограда од куќа бегајќи од полиција

Возач од струмичкото село Баница, кој превезувал мигранти, бегал од кумановската полиција и удрил во ограда од куќа. Возачот е приведен, а во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш. 

Куманово, 4 септември 2020 (МИА) – Возач од струмичкото село Баница, кој превезувал мигранти, бегал од кумановската полиција и удрил во ограда од куќа. Возачот е приведен, а во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш.

Од СВР Куманово информираа дека вчера во 21:20 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населбата „Ајдучка чешма“ во Куманово, полициски службеници сакале да сопрат товарно возило „ивеко“ со скопски таблички, но возилото продолжило со поголема брзина да се движи во населбите „Ајдучка чешма“ и „Перо Чичо“.

– Потоа, удрил во ограда на една од куќите и возачот го напуштил местото. Набргу потоа возачот М.Р.(28) од село Баница, струмичко, бил фатен и лишен од слобода. При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце-се наведува во соопштението од полицијата.

По целосното расчистување на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава. ам/бак/

Back to top button
Close
Close