0_Македонија.ПорталДописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Стрип центарот на Македонија-Велес започна со локалната имплементацијата на меѓународниот проектот CAN(Comic alliance Networking) FOR BALKANS

Стрип центарот на Македонија-Велес започна со локалната имплементацијата на меѓународниот проект CAN(Comic alliance Networking) FOR BALKANS- финансиран од страна на програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА'-подпрогама за култура на Европската Унија.

Велес, 16 април 2021 (МИА) – Стрип центарот на Македонија-Велес започна со локалната имплементацијата на меѓународниот проект CAN(Comic alliance Networking)  FOR BALKANS- финансиран од страна на програмата КРЕАТИВНА ЕВРОПА’-подпрогама за култура на Европската Унија.

Носител на овој неколкугодишен проект е Музеј на историјата во округот Брашов-Романија, а освен Македонскиот стрип центар, партнери во овој проект се: Белгискиот стрип центар од Брисел, потоа Стрип училиштето „Никола Митровиќ Кокан“ од Лесковац,Србија, како и Државниот историски музеј од Тирана ,Албанија.

Како што информира Томе Трајков,програм координатор  од СЦМ-Велес,.основа на овој проект е историскиот стрип во наведените земји и додава дека како додадена важност во две насоки сеафирмирање на социјалната примена на стрипот (во овој случај националната историја) како и меѓународната размена и соработка

Благодарни сме  што нашата земја е дел од овој проект .Истиот претставува континуитет на нашата меѓународна соработка со сите партнерски земји, потенцира Трајков.

Тој појаснува дека ,активностите  од овој проект се сведуваат на: истражувачки активности на тема историскиот стрип, меѓународен тематски стрип конкурс  од областа на историските јунаци ,којшто ке се објави наесен 2021 горганизирање на неколкудневни тематски настани и изложби во опфатените земји со посетеност од преку 50 стрип автори. Во земјава таков настан ќе се организира во крајот на месец август во Велес.

-Не криеме дека еден од бенефитите е токму логистичката поддршка на организациите – партнери и стимул за професионална работа во интерес на развојот на ,светски познатата девета уметност кај нас-стрипот, потенцира Трајков. ам/вг/

 

Back to top button
Close
Close