Дописници МКДКултураКултура.Портал

Стрип центарот на Македонија-Велес учествува на проектот „FOR BALKANS“ во Тирана

Во Тирана, Албанија од денеска до 2 август се одржува втората смотра од  проектот „CAN (Comic alliance Networking) FOR BALKANS“, финансиран од програмата „КРЕАТИВНА ЕВРОПА -подпрограма за култура“ на Европската унија. Носител на овој неколкугодишен проект е Музеј на историјата во округот Брашов во Романија. Освен  Државниот историски музеј од Тирана, во овој неколкугодишен проект вклучени се училиштето „Никола Митровиќ-Кокан“  од Лесковац, Србија,  Белгискиот стрип центар од Брисел  и Стрип центар на Македонија со седиште во Велес.

Велес, 30 јули 2021 (МИА) – Во Тирана, Албанија од денеска до 2 август се одржува втората смотра од  проектот „CAN (Comic alliance Networking) FOR BALKANS“, финансиран од програмата „КРЕАТИВНА ЕВРОПА -подпрограма за култура“ на Европската унија. Носител на овој неколкугодишен проект е Музеј на историјата во округот Брашов во Романија. Освен  Државниот историски музеј од Тирана, во овој неколкугодишен проект вклучени се училиштето „Никола Митровиќ-Кокан“  од Лесковац, Србија,  Белгискиот стрип центар од Брисел  и Стрип центар на Македонија со седиште во Велес.

Како што информира Томе Трајков, програм координатор  од СЦМ-Велес, замислата на овој проект  е  вмрежување на релевантните стрип асоцијации од вклучените земји како и афирмирање на социјалната примена на стрипот, во овој случај националната историја.

 На овој настан, освен персоналот на Стрип центарот од Велес  ќе присуствуваат и Александар Стеванов-сценарист, хроничар и летерер и реномираниот стрип автор Томи Анастасовски.

Трајков истакнува дека тие ќе присуствуваат на бројни презентации, изложби, како и дебати на тема „Културно-социјални клишеа и стереотипи на Балканот“.ад/фф/

Таг
Back to top button
Close
Close