Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Стриктни санитарни мерки за вториот круг на општинските избори во Франција

За утрешниот втор круг на гласање за општинските избори во Франција предвидени се строги санитарни мерки, јави дописникот на МИА од Париз.

Париз, 27 јуни 2020 (МИА) – За утрешниот втор круг на гласање за општинските избори во Франција предвидени се строги санитарни мерки, јави дописникот на МИА од Париз.

image.png

На влезот од гласачкото место е поставена табла со правецот на движењето при гласањето. 

image.png

На гласачите им се ставени на располагање хидро-алкохолен гел и заштитни маски. Не смее да има никаков контакт меѓу гласачите и членовите на изборната комисија. Проверката на личната карта се прави без земање на истата од носителот.