Дописници МКДОпштински вести

Стравот од корнавирус го намали бројот на посетители на градскиот пазар во Делчево

Стравот од коронавирусот го намали бројот на посетители на градскиот пазар во Делчево. Се поголемиот број случаи на Ковид-19 на дневно ниво во Делчево си го направи своето, па така денеска, како што велат пазарџиите, граѓаните во многу мал број го посетија пазарот.

Делчево, 22 август 2020 (МИА) – Стравот од коронавирусот го намали бројот на посетители на градскиот пазар во Делчево. Се поголемиот број случаи на Ковид-19 на дневно ниво во Делчево си го направи своето, па така денеска, како што велат пазарџиите, граѓаните во многу мал број го посетија пазарот.

-Навистина нема што да се каже. Граѓаните се плашат да излезат што е и нормално во ваква ситуација. Повеќето останаа дома што секако се одрази и на нашата продажба. Вирусот навистина оваа година остави трага во нашето работење, но што е тука,е мора да се почитуваат мерките, велат пазарџии.

Редарите задолжени за контролирање на ситуацијата велат дека продавачите се придржуваат на мерките за заштита.

-Сите носат маски, имаат средства за дезинфекција на тезгите што е основното нешто за заштита на самите нив и купувачите. Дел од пазарџиите од околните градови, имајки ја предвид ситуацијата не дојдоа на своите тезги, што резултитраше со намалена работа на пазарот, но сепак очекувана беше ваквата состојба, велат редарите.

Поради слабата посетеност, денеска производите се продаваа по багателна цена, што предизвика задоволство кај оние граѓани кои сепак го посетија пазарот.

-За 10 до 20 денари се пониски цените што е добро за нас како граѓани со оглед на ниските пензии. Сепак ова е само денес, бидејки и прозиводителите треба од нешто да живеат, велат граѓани кои сепак го посетија пазарот во Делчево.

По завршувањето на пазарниот ден, како што најавија надлежните ќе се спроведе вонредна акција за дезинфекција на тезгите и просторот околу самиот пазар.вс/бт/

Таг
Back to top button
Close
Close