0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПарламентарни избори 2020Политика

Стратум: Повеќето анкетирани коалицијата на СДСМ и Беса ја перципираат како победничка

Коалицијата на СДСМ и Беса повеќето граѓани ја перципираат како победничка и таа има предност пред ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 15 јули, покажуваат резулатите од анкетата, спроведена од агенцијата СТРАТУМ Р&Д.

Скопје, 8 јули 2020 (МИА) – Коалицијата на СДСМ и Беса повеќето граѓани ја перципираат како победничка и таа има предност пред ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 15 јули, покажуваат резулатите од анкетата, спроведена од агенцијата СТРАТУМ Р&Д.

Според резултатите на прашањето „Која партија сметате дека ќе победи на наредните избори?“, Коалицијата „Можеме“ има поддршка од 31 отсто, додека ВМРО-ДПМНЕ има поддршка од 27 проценти. За ДУИ се определиле шест проценти од граѓаните, а за коалицијата на Алијанса за Албанците и Беса пет отсто.

Овие избори ќе се одржат во најкомплицирана состојба од аспект на психосоцијална и економска состојба на избирачите и таа комплицирана состојба се рефлектира и во расположенијата на граѓаните кон сите теми, е еден од клучните наоди во истражувањето.

Оценувајќи ја вкупната работа на политичките партии 26 отсто од испитаниците сметаат дека идната Влада треба да ја формира СДСМ, додека 23 проценти сметаат дека тоа треба да го стори ВМРО-ДПМНЕ, а седум отсто се определиле за коалиција меѓу СДСМ, Беса и Алијанса за Албанците. ДУИ во однос на ова прашање имаат поддршка од четири отсто.

Во однос на прашањето дали ќе гласаат на парламентарните избори, 44 проценти одговориле дека сигурно ќе гласаат, 27 отсто дека веројатно ќе гласаат, 12 проценти дека веројано нема да гласаат, десет отсто дека сигурно нема да гласаат, три отсто одбиле да одговорат, а четири проценти не знаат.

На прашањето за која партија ќе гласаат на овие избори, 25 отсто се определиле за коалицијата на СДСМ и Беса, 23 отсто за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, седум отсто за ДУИ, пет отсто за коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива, два отсто за Левица, еден отсто за ДПА.

Во однос на платформата на ДУИ за премиер избран врз национална основа, значајно висок процент испитаници, над 70, сметаат дека Република Северна Македонија не треба да вопостави критериум за избор на премиер врз национална основа.

Се забележува поларизираност на граѓаните, па така 44 отсто сметаат дека мерките треба да се олабават затоа што економијата е најважна, а 41 отсто дека треба да се воведат построги мерки затоа што здравјето е најважно.

СТРАТУМ Р&Д анкетата ја спроведе телефонска анката на репрезентативен примерок од 900 испитаника (150 испитаника по Изборна единица) во периодот од 1 до јули 2020. Испитаниците беа бирани на фиксни телефони во домовите со удел од 60 отсто, а 40 отсто согласно запазување на квотите за репрезентативност на примерокот беа бирани на мобилни телефони. Прашањата во оваа анкета се операционализирани како варијабли – ставовите на граѓаните кон општествено социјално и политичкото функционирање на државата. ац/сп/

Back to top button
Close
Close