Оригинални текстови

Страшевски: Конечно во Македонија завладеа правото

Во текот на вчерашниот ден од лица кои ги почитуваат законите, владеењето на правото, добив информации а и истите во текот на вчерашниот ден, биле присутни во Основниот кривичен суд Скопје, кога поранешната судија-поротник Лидија Ивановска-Кочковска поднела НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА од позицијата судија - поротник поради истек на мандат,и при тоа во оставката го информирала претседателот на Основниот кривичен суд дека повеќе не сака да присуствува на било кое рочиште.

Скопје, 9 јануари 2020

Конечно во Македонија завладеа правото! Проработи „Слободата на совеста која е признаена насекаде “.

Во текот на вчерашниот ден од лица кои ги почитуваат законите, владеењето на правото, добив информации а и истите во текот на вчерашниот ден, биле присутни во Основниот кривичен суд Скопје, кога поранешната судија-поротник Лидија Ивановска-Кочковска поднела НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА од позицијата судија – поротник поради истек на мандат,и при тоа во оставката го информирала претседателот на Основниот кривичен суд дека повеќе не сака да присуствува на било кое рочиште.

Според информациите и покрај тоа што поранешната судија-поротник Лидија Ивановска Кочковска оставката и официјално ја доставила во архивата на Основниот кривичен суд Скопје, по налог на претседателот на судот истата не била прифатена и била итно повикана кај него со цел да се изврши притисок да мора да присуствува на рочиштата кои се закажани особено за предметот „ТНТ“.

Итно го повикувам Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да постапат по оваа информација и на целокупната македонска јавност и ја соопштат вистината околу случувањата во Основниот кривичен суд поврзани со овој настан.

Ја користам оваа прилика и ја охрабрувам поранешната судија – поротник Лидија Ивановска Кочковска која со поднесување на неотповикливата оставка испрати моќна порака,да продолжи да работи по законите во Македонија, да го почитува и применува владеењето на правото, да не потпаѓа под никакви притисоци закани уцени,ветувања…

Слободата на совеста е многу моќна,силна и признаена!

Во Македонија ќе се почитува,применува и завладее правото!!!

Со почит, адвокат Јовица Страшевски

_________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Back to top button
Close
Close