КултураКултура.ПорталКултура.Слајдер

Стота изведба на „Пипи Долгиот Чорап“ на Театарот за деца и младинци

Театарот за деца и младинци в недела стоти пат ќе ја изведе  претставата „Пипи Долгиот Чорап“, чија премиера беше на 23 март 2013 година и која речиси седум години е хит-претстава кај детската публика.  Работена е според истоимената книга на Астрид Линдгрен и е лектира за основно образование.

Скопје, 6 февруари 2020 (МИА) – Театарот за деца и младинци в недела стоти пат ќе ја изведе
претставата „Пипи Долгиот Чорап“, чија премиера беше на 23 март 2013 година и која речиси седум години е хит-претстава кај детската публика.  Работена е според истоимената книга на Астрид Линдгрен и е лектира за основно образование.
– Одличната драматизација на Бојан Трифуновски, режисерката Драгана Милошевски-Попова  ја претвори во незаборавна претстава. Не постои дете кое не би сакало да ги види вратоломиите на Пипи, оригинално девојче кое отскокнува од средината и по начинот на облекување, и по начинот на однесување, пркосејќи им на сите општоприфатени норми и правила.  Интересот за нашата Пипи, одиграна од актерка Соња Стамболџиоска, досега е незапаметен. Претставата изобилува со исклучително одиграни карактери кои изобилуваат со хумор и ведрина, соопшти Театарот за деца и младинци.
Покрај Стамболџиоска, во актерската екипа се и: Емра Куртишова, Мартин Јорданоски, Ана Левајковиќ-Бошков, Предраг Павловски, Тања Кочовска, Бојан Кирковски, Марија Ѓорѓијовска, Драган Довлев, Мики Анчевски и Владимир Лазовски/ Горан Ников.
Сценограф на претставата е Кирил Васил, костимограф Марија Пупучевска, композитор Марјан Нечак, кореограф – Симона Спировска. хс/са/ 

Back to top button
Close
Close