• вторник, 09 декември 2025

Штип УГД го пречекува Кол Ил во Челинџ купот

Штип УГД го пречекува Кол Ил во Челинџ купот

Радовиш, 19 ноември 2025 (МИА) - Одбојкарите на Штип УГД вечер во Радовиш го играат реваншот против норвешкиот Кол Ил, во рамките на европскиот Челинџ куп. 

Домаќините се оптимисти дека може да ја анулираат предноста на Норвежаните, за да се пласират во следната фаза, откако на првиот меч загубија со 3:1 во сетови во Осло.

- Минатата недела настапивме премиерно во овој Куп со гостинскиот натпревар во Осло, за жал нашиот тим загуби со 3:1, но се надеваме со дека на утрешниот натпревар ќе ја анулираме таа предност на Норвежаните и ќе се пласираме во следната фаза на Челинџ купот. Во следната фаза не чека екипата на италијанскиот Милано, така да подобриот од овој двомеч во следното коло ќе игра со Милано, изјави  Горан Стаменков портпаролот на Штип УГД.

Натпреварот во салата „25 Мај“ во Радовиш ќе почне во 19 часот, дека влезот ќе биде слободен. вдј/зс/

Фото: МИА

Остани поврзан