• вторник, 09 декември 2025

Шкотска во ефикасен натпревар ја победи Данска и избори директен пласман на СП 2026

Шкотска во ефикасен натпревар ја победи Данска и избори директен пласман на СП 2026

Глазгов, 19 ноември 2025 (МИА) - Шкотска ја победи Данска со 4:2 во последниот натпревар од квалификацискиот турнир за Светското првенство во 2026 година. Натпреварот се одигра синоќа на „Хемпден Парк“ во Глазгов.

Скот Мектоминај ѝ донесе водство на Шкотска во 3. минута. Расмус Хајлунд реализираше пенал во 64. минута за израмнување на резултатот. Лоренс Шенкланд го постигна вториот гол за домаќините во 78. минута, а четири минути подоцна, Патрик Доргу повторно го израмни резултатот. Во судиското продолжение, Шкотска постигна уште два гола преку Киран Тиерни и Кени Меклин.

Гостите играа со десет играчи од 61. минута по исклучувањето на Расмус Кристенсен.

Шкотска освои 13 бода и се квалификуваше за Светското првенство во 2026 година од првото место во Групата Ц. Данска заврши втора со 11 бода и ќе игра во плејофот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан