• сабота, 06 декември 2025

Шкендија со пресврт до бодовите на дуелот со Шкупи

Шкендија со пресврт до бодовите на дуелот со Шкупи

Струга, 15 ноември 2025 (МИА) - Во заостанат натпревар од 12. коло на Првата македонска фудбалска лига, Шкендија попладнево го победи Шкупи со 2:1.

На средбата во Струга на која домаќин беше Шкупи, чаирчани поведоа во 57. минута со погодокот на Луис Рибеиро.

Шкендија изедначи преку Имран Фетаи во 72.минута. Осум минути подоцна Лиридон Латифи го постави конечниот резултат.

Шкендија која е бранител на шампионскиот трофеј, со 30 бода се искачи на 3. место на табелата во ПМФЛ, лидер е Вардар со 33, Втора е Струга со 32 бода. 

Шкупи е последен со само еден освоен бод. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан