• сабота, 06 декември 2025

УНИФИЛ ја обвини израелската армија дека отворила оган врз мировниците

УНИФИЛ ја обвини израелската армија дека отворила оган врз мировниците

Бејрут, 16 ноември 2025 (МИА) – Привремените сили на Обединети нации во Либан (УНФИЛ) денеска соопштија дека израелската армија отворила оган врз припадниците на УНИФИЛ во јужниот дел на земјата.

Израелската армија (ИДФ) соопшти дека не се работело за намерен напад и оти поради лошите временски услови биле помешани војниците на ИН со осомничени лица. ИДФ најави и истрага за инцидентот.

- Таквите напади претставуваат сериозно кршење на Резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН, наведе УНИФИЛ повикувајќи се на Резолуцијата со која заврши војната помеѓу Израел и Хезболах во 2006 година и која е основа за ноемврискиот прекин на огнот.

Според Резолуцијата 1701, само либанската армија и мировните сили на ОН можат да се распоредат во јужен Либан, во близина на израелската граница.

И покрај договорот за прекин на огнот, ИДФ и понатаму зазема пет позиции во јужен Либан и напаѓа цели на либанска територија, тврдејќи дека нападите се насочени кон Хезболах. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан