Тошковски: Менаџерот на КПУ Затвор Скопје и други вработени ја доживувале институцијата како приватна фирма за туристички услуги
- Две лица кои извршувале службени функции во затворот Идризово се приведени во денешната акција на полицијата бидејќи за нив, межудругото, имало сомневање дека незаконски им овозможувале на осудени лица да излегуваат од установата со полициска придружба до одредени локации каде останувале по 8 до 10 часа по што исто така со полициско возоло и придружба биле враќани во затворот, информира министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Двете лица, се изведени пред судиија на претходна постапка, и според Тошковски, се натаму е во раце на обвинителството и на судот. МВР, потенцира министерот, ги прибра доказите, ги изврши претресите, ги спроведе лицата и лиши од слобода. Останатиот дел од кривичната постапка е во рацете на судот и обвинителството кои се на потег.

Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.