• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување и нарушен јавен ред и мир 

Скопјанец приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување и нарушен јавен ред и мир 

Кавадарци, 7 јуни 2025 (МИА) - Скопјанец бил приведен во Кавадарци поради агресивно и недолично однесување и нарушен јавен ред и мир, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. 

- Синоќа во 23.25 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа Б.Н.(42) од Скопје, затоа што во Моклиште, кавадаречко, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување, а при спроводот во полициска станица агресивно се однесувал и кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. Б.Н. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес. свд/дма/

Фото: МИА архива

Остани поврзан