• сабота, 20 април 2024

Скај Њуз: Гроси повторно се упати кон Запорожје, ситуацијата околу централата ја оцени за „многу опасна и нестабилна“

Скај Њуз:  Гроси повторно се упати кон Запорожје, ситуацијата околу централата ја оцени за „многу опасна и нестабилна“

Запорожје, 29 март 2023 (МИА) – Првиот човек на Агенцијата на ОН за атомска енергија, Рафаел Гроси, денеска тргна во посета на нуклеарната централа Запорожје, во југоисточна Украина, која со месеци наназад е окупирана од руските сили, јави Скај Њуз.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), ќе ја разгледа ситуацијата во најголемата европска централа како дел од напорите за намалување на ризикот од голема несреќа.

Во околината на централата повторно се интензивираа борбите, а Москва и Киев постојано се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на локацијата.

Гроси се надева дека ќе постигне договор за заштита на централата, опишувајќи ја ситуацијата како „многу опасна“ и нестабилна.

МААЕ од минатата година има стационирани набљудувачи во фабриката во Запорожје, пренесува Скај Њуз. сд/

Остани поврзан