• вторник, 23 април 2024

На средбата Бегај- Курти главна тема преговорите меѓу Косово и Србија

На средбата Бегај- Курти главна тема преговорите меѓу Косово и Србија

Тирана, 26 март 2023 (МИА) - Последните случувања во преговорите меѓу Косово и Србија беа главна тема на разговор на денешната средба на албанскиот претседателБајрам Бегај и косовскиот премиер Албин Курти, објави Бегај на Фејсбук.Како што стои во објавата тој високо ја оценил внимателноста и храброста што ја покажале премиерот Курти и преговарачкиот тим на Република Косово за прифаќање на европскиот план, како и за негово потпишување и спроведување.

- Нагласив дека јавната согласност и посветеноста на страните за спроведување на европскиот план за нормализација на односите меѓу Република Косово и Србија и соодветниот анекс, како негов составен дел, е уште една  гаранција за мирот, стабилноста, како и иднината на земјите од регионот во Европската Унија, наведува Бегај.Исто така, посочува тој,  изразил уверување дека целосно ќе се почитува заложбата искажана од  страните во Охрид и "ќе се изнајдат соодветни механизми овој јавен договор да се претвори во меѓународно  обврзувачки и применлив договор за страните".За време на престојот во Тирана Курти ќе се сретне и со претседателката на парламентот Линдита Никола и со премиерот Еди Рама со кого е планиран работен ручек. вт/ссм/Фото : Фејсбук Бегај

Остани поврзан