• петок, 29 март 2024

Зеленски го потврди почетокот на украинската контраофанзива

Зеленски го потврди почетокот на украинската контраофанзива

Киев, 10 јуни 2023 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски на брифинг изјави дека се спроведуваат контраофанзивни и одбранбени акции и дека украинската војска е позитивно расположена, пренесе агенцијата УНИАН.

„Во Украина се одвиваат контраофанзивни и одбранбени дејствија, во која фаза, нема да кажам детално... Мора да имате верба во нашата војска, а јас верувам во нив. Јас сум во секојдневен контакт со нашите команданти... Во моментов сите се позитивни“, рече тој.

Руската армија известува за масовни украински напади веќе шест дена, главно на јужниот фронт. Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека украинските сили започнале контраофанзива против Русите, но дека нема да ги постигнат своите цели, како и дека трпат големи загуби. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан