Дела од турски ликовни уметници утре на изложба во Кавадарци
- Дела од турски ликовни уметници утре ќе бидат изложени на изложба во Кавадарци, информираа попладнево од Домот на културата ,,Иван Мазов - Климе".

Кавадарци, 22 април 2025 (МИА) - Дела од турски ликовни уметници утре ќе бидат изложени на изложба во Кавадарци, информираа попладнево од Домот на културата „Иван Мазов - Климе".
- Во 19:30 часот, во галеријата при Домот на културата, ќе биде отворено третото издание на изложбата „Уметноста е мост за поврзување на народите“, на која со сегашните 34 учесници - познати ликовни уметници од Турција, се заокружува циклусот „100 години од основањето на Република Турција - 100 турски сликари во Македонија“. Изложбата е во организација на Дом на култура во соработка со турските ликовни уметници. Куратори на изложбата се Ајнур Махмудова Каплан и Марина Убавкова, соопштија од Домот на културата.
Оттаму најавија дека ликовните уметници од Турција и самите ќе присуствуваат на изложбата. свд/дма/
Фото : МИА