Во Кочани синот го нападнал татка си
- Жител на Кочани вчера во полициска станица пријавил дека бил нападнат од неговиот син во семејниот дом.
Кочани, 19 ноември 2025 (МИА) - Жител на Кочани вчера во полициска станица пријавил дека бил нападнат од неговиот син во семејниот дом.
-На 18.11.2025 во 20:00 часот во Полициската станица Кочани, 48-годишник од Кочани пријавил дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот син Ш.А., информира СВР Штип.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. ис/вј/
Фото: МИА