Бензема не ја исклучува можноста за враќање во Реал
- Францускиот фудбалер Карим Бензема не ја исклучи можноста за враќање во Реал Мадрид во иднина.
Мадрид, 18 ноември 2025 (МИА) – Францускиот фудбалер Карим Бензема не ја исклучи можноста за враќање во Реал Мадрид во иднина.
- Можно враќање во Реал Мадрид? Ако Флорентино е таму, тоа би можело да се случи. Никогаш не би му рекол не на Перез. Јас сум навивач на Реал Мадрид, го чувствувам тоа во душата. Мадрид е сè уште мој град, ќе видиме што ќе се случи, изјави Бензема за „АС“.
Триесет и седумгодишниот играч на Ал-Итихад играше за Реал Мадрид од 2009 до 2023 година. Во тој период, тој освои четири титули во Ла Лига, три титули во Купот на кралот и пет титули во Лигата на шампионите. Тој ја освои Златната топка во 2022 година.
Бензема одигра 648 натпревари за Реал Мадрид и постигна 354 гола. зс/
Фото: ЕПА