• среда, 16 септември 2026

ESPN: Галатасарај нуди 45 милиони евра за Мартинели

ESPN: Галатасарај нуди 45 милиони евра за Мартинели

Истанбул, 13 август 2026 (МИА) - Галатасарај достави понуда за трансфер за напаѓачот на Арсенал, Габриел Мартинели, објави „ESPN“, повикувајќи се на свои извори.

Понудата на турскиот клуб била приближно 45 милиони евра. Договорот на 25-годишниот Бразилец важи до крајот на сезоната 2026/27, но клубот има опција да го продолжи за дополнителни 12 месеци. 

Во моментов не е познато дали фудбалерот ќе се согласи на трансфер во турскиот клуб, бидејќи деталите од неговиот личен договор сè уште не се дискутирани.

Мартинели е во Арсенал од јули 2019 година. На 53 натпревари во сезоната 2025/26, тој постигна 11 голови и имаше пет асистенции.

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на бразилскиот интернационалец на 45 милиони евра. зс/

Фото: ЕПА