• четврток, 15 октомври 2026

Светско првенство во риболов на крап во Маврово: Украина е нов светски шампион

Светско првенство во риболов на крап во Маврово: Украина е нов светски шампион

Гостивар, 5 септември, 2026 (МИА) – Со прогласувањето на најуспешните вечерва, во Маврово беше затворен меѓународниот натпревар во риболов. Претставниците на Украина станаа нови светски прваци во риболов на крап. Титулата ја освоија на 26-то Светско првенство во риболов на крап – „Маврово 2026“.

Тимот на украинците улови 162 парчиња тешки 435,8 кг. Второто место му припадна на Унгарија со 89 парчиња (229,5 кг), а според уловот од 65 риби тешки 181,6 кг третото место го освои Литванија. Македонските риболовци, го освоија 25 место со улов од 26 парчиња (72,2 кг) Годинава на брегот на Мавровското езеро дојдоа 33 репрезентации кои неколку денови водеа неизвесна борба од (2.09 до 5.09).

Според организаторите, за време на шампионатот беа постигнати импресивни резултати кои ја потврдија богатата рибниот фонд во езерото и високата подготовка на натпреварувачите. Годинава, учесниците извадија 1.428 парчиња крап со вкупна тежина од речиси 3,8 тони (3.794,7 кг)

Првенството се одржа во организација на Меѓународната федерација за спортски риболов на слатки води (FIPSed) и Македонската риболовна федерација, во партнерство општина Маврово-Ростуше и НП „Маврово“.

Во поздравните обраќања организаторите упатија честитки до сите освојувачи на медали, но и до сите 33 репрезентации за покажаниот фер-плеј, врвната спортска подготвеност и придонесот кон организирање на незаборавен шампионат. Голема благодарност беше изразена и до сите натпреварувачи, официјални лица, судии, волонтери и сите кои помогнаа во успешната реализација на овој голем спортски настан. згм/ев/

ФОТО: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа